0 коментари 1 мин. читање

Вметнатите твитови сега прикажуваат повеќе детали

Вметнатите твитови отсега ќе бидат подобри, но и поедноставни за користење. Отсега твитовите кои ги споделувате на веб страните, ќе нудат интерактивност иста каква што имаат на Twitter.com, објави компанијата на својот блог.

Вметнатите твитови ќе покажуваат твитови, видеа,слики и останата содржина. Покрај ова ќе може да го видите ре-твитате или да одберете „омилени-твитови“ на веб страните кои ги постирале содржините. Покрај ова ќе биде забрзано и вчитувањето на овие твитови.

Не е за занемарување и фактот дека од сега вметнувањето на твитови ќе биде поедноставено. За да вметнете твит, кликнете на копчето More што е веднаш под содржината на твитот, потоа кликнете embed tweet и ископирајте го кодот во вашиот сајт. Тоа што можеби сега фали е што ја нема опцијата да изберете дали твитот да биде центриран на сајтот или поставен лево или десно.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top