Владетелите на Силициумската долина „PayPal Mafia“ и сите нивни компании

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

PayPal Mafia е термин зад кој се кријат неколку сериски претприемачи, инвеститори и иноватори. Како што наговестува и името сите се или основачи или вработени во PayPal. Шест члена на оваа група: Питер Тиел, Елон Маск, Рид Хофман, Лук Носек, Кен Ховери и Кит Рабои денес се милијардери.

Терминот PayPal Mafia се популаризира по напис во Fortune од 2013 година. Текстот беше проследен со фотографија на дел од тимот на PayPal на која беа направени да изгледаат како дел од „семејството“.

Секако станувањето дел од мафија не е целосно без кул титули. Така Питер Тиел е познат како „Дон“, а Макс Левичин е „consigliere“ (советник) на „мафијата“.

https://fleximize.com/paypal-mafia/

Како настана PayPal

На крајот на 90-те, пред времето на паметни телефони Макс Левчин се сретнал со Питер Тиел. Г. Левчин само што завршил со образованието и наместо да бара работа се обидувал да основа своја компанија. Питер Тиел по проблемите со претходниот проект во кој загубил стотина илјади долари барал нова можност за инвестиција. Двајцата се сретнале во 1998 година на Универзитетот Стенфорд додека г. Тиел држел предавање.

Наскоро Макс Левчин, Питер Тиел и Лук Носек ја основаат компанијата Fieldlink. На самиот почеток ова беше криптографска платформа за PalmPilot PDA уредите. Сепак во следната година ја променија технологијата и се трансформираа во дигитален новчаник, а набрзо го променија и името на компанијата во Confinity (Од Confidence и Infinity).

Макс Левчин – Photo by Steve Jennings/Getty Images for TechCrunch

На крајот на 1999 година Confinity го лансираше PayPal, сервис кој многу брзо стана најинтересен за корисниците. Сервисот овозможуваше дигитален трансфер на средства од уреди како PDA.

X.com и Илон Маск

Во 2000 година тимот на PayPal доби уште еден член. Елон Маск на крајот на 1999 година го основа X.com. Стануваше збор за една од првите онлајн банки, сервис кој овозможуваше плаќање имејл, и еден од првите конкуренти на Confinity.

Веќе следната година X.com и Confinity се споија во една компанија, а на чело на компанијата беше Бил Харис. Елон Маск во овој период беше претседател на одборот на компанијата. По краток период и неколку проблеми Елон Маск и го замени Харис, a на местото претседател на одборот го постави Питер Тиел. Компаниите продолжија под името PayPal.

Наскоро по ова, компанијата се фокусираше на PayPal како главен производ кој го нудат. Во 2002 година компанијата излезе на берза, а од продажбата на акциите заработија 61 милион долари.

eBay

Веројатно PayPal немаше да го има вртоглавиот пораст кој го има ако не беше раната соработка со eBay.

Во овој период eBay беше една од ретките онлајн продавници во кои корисниците можеа едни на други да си продаваат производи. Најголем недостаток на сервисот беше начинот на плаќање. Корисниците во прво време плаќаа со чекови кои се праќаа по пошта.

eBay уште на самиот почеток по излегувањето на берза ја увиде потребата од соработка со PayPal и во 2015 година ја купи компанијата за 1,5 милијарди долари. Ова беше над 77% од проценетата вредност на Ebay, но компанијата знаеше точно што прави. Дури 70% од трансакциите на eBay прифаќаа исплата преку PayPal, а секоја четврта трансакција беше преку PayPal. Во 2009 година приходите на PayPal достигна 1,8 милијарди долари. До 2010 година сервисот беше достапен на 190 различни пазари и имаше над 100 милиони активни корисници. Во 2017 година, само за една година, компанијата имаше заработка од 1,79 милијарди долари.

Што се случи со PayPal Mafia?

По купувањето на PayPal основачите на компанијата имаа нов капитал за инвестирање во нови компании или за основање на нови стартапи.

Инвестираа и основаа стартапи и компании како Airbnb, Space X, Xoom, Eventbrite, Yelp, MongoDB, Yelp, Stripe, YouTube, Lyft, Udemy, LinkedIn, Pintеrest, Uber и куп други компании.

Без сомневање најактивни со инвестициите се Питер Тиел и Скот Банистер со 116 и 115 инвестиции, но веројатно најинтересни инвестиции остануваат оние на Елон Маск.

Питер Тиел – фотографија JD Lasica

Сепак ако ја погледнете листата на компании основани или компании во кои инвестирале членовите на „PayPal Mafia“ изгледа неверојатна. YouTube, Tesla, SpaceX, Palantir, LinkedIn, Yelp се стартапи во чие основање учествувал барем еден поранешен основач и на PayPal.

Ако ја разгледате листата на инвестиции таа изгледа уште поневеројатно. Членови на PayPal Mafia инвестирале речиси во секој релевантен стартап последниве 10, 15 години. Facebook, Uber, Lyft, Airbnb, Square, Pinterest, Stripe се само дел од компаниите во кои инвестирале членовите на PayPal Mafia.

Елон Маск – фотографија JD Lasica

Истражување на Venturebeat покажува дека овие сериски претприемачи направиле 1 005 директни инвестиции. Дополнително, пронајдоа и уште 646 инвестиции преку инвестициски фондови поврзани со нив. Колку за илустрација од 2010 до денес вкупниот број на инвестиции на членовите на PayPal Mafia надминува 70 годишно. На три пати бројот на инвестиции надмина и 100 инвестиции годишно.

Сепак на адреса на групата секако не стигнуваат само пофалби. Најголемо обвинување е дека се лично одговорни за малиот број на жени во техничките компании. Интересно, овие обвинувања иако се претерани, не се сосем без основа. Во период од  2009 до 2014 година, 15,5% од стартапите имале барем 1 жена помеѓу основачите. Компаниите во кои инвестирале PayPal Mafia во истиот период, и имале жена во основачите се 13%. Ова секако не е преголемо отстапување за да може да се извлече некаков сериозен заклучок.

Кој основал што по PayPal?

Ова е листа на компаниите кои основачите или дел од поранешните членови на PayPal Mafia ги основале по продажбата на PayPal.

  • Питер Тиел – Palantir Technologies
  • Елон Маск – Tesla Motors, SpaceX, OpenAI, The Boring Company, Solar City
  • Дејвид Сакс – Geni.com, Yammer
  • Стив Чен – YouTube
  • Рид Хофман – LinkedIn
  • Чед Хрли – YouTube
  • Ерик Џексон – CapLinked
  • Џавид Карим – YouTube
  • Род Мартин – Advanced Search Laboratories
  • Дејв Меклур – 500 Startups
  • Ендрју Мекормак – Valar Ventures
  • Џејсон Портној – Subtraction Capital
  • Премал Шах – Kiva.org
  • Расел Симонс – Yelp
  • Џереми Стопелман – Yelp

Наскоро со поопширни податоци за компаниите, но и за инвестициите и инвестициските фондови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
metropcs.online
5 years ago

Thank you for sharing Metro PCS

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk