Запознајте се со Visual.ly, веб портал за визуелизации на податоци, или попознати во јавноста како инфографици. Овој прекрано дизајниран веб сајт е рај за сите љубители на креативни и поучни инфографици.
Visual.ly е штотуку стартуван и веќе има повеќе од 2.000 инфографици од најразлични категории, како што се спорт, технологија, економија, итн. Сајтот е стартуван со поддршка од многу светски познати брендови од светот на издаваштвото, меѓу кои CNN, National Geographic, Wall Street Journal и The Next Web.
Visual.ly им овозможува на креаторите на инфографици да ги споделуваат своите дела и да се поврзат со свои колеги, како и со потенцијални клиенти. Visual.ly исто така ќе нуди и алатки за креирање на сопствени инфографици. Оваа опција спаѓа под Visual.ly’s Labs, каде исто така се нуди уште една интересна алатка. Станува збор за алатката Twitterize Yourself која ви овозможува да креирате инфографик кој го споредува вашиот Твитер профил со некој друг. Резултатот е прекрасна визуелизација базирана на податоците земени од вашиот Твитер профил.