{mosimage}Каква врска може да има вирусот со маркетингот? Со некои својства на вирус вистински може да се восхитуваме! Вирусот може да живее сокриен се додека не е толку обемен да победи со самата бројност, а за да ја зголеми својата бројност се користи со ресурсите на домаќинот. Во соодветно опкружување расте експоненцијално и едноставно се реплицира, повторно и повторно, геометриски зголемувајќи ја својата сила. Во пар, вирусната популација може да експлодира.
Дефиниција на вирален маркетинг
Вирален
маркетинг ја опишува секоја стратегија која ги поттикнува корисниците
да ја проследат маркетинг пораката на другите, правејќи притоа
потенцијал за експоненцијален раст на изложеност на пораката и
нејзиното влијание. Како и вирусите, таквата стратегија ја искористува
брзата мултипликација, па пораката брзо се мултиплицира во илјади,
милиони… Во традиционалната маркетинг комуникација вирусниот
маркетинг на претставување на пораката “порака од уво до уво” и
“верижна порака” , додека на интернет се нарекува “вирален маркетинг”.
Пример Hotmail.com
Класичен
пример на вирален маркетинг е Hotmail.com, една од првите бесплатни
услуги за електронска пошта (е-маил). Стартегија била едноставна:
- Бесплатно давање на е-маил адреси и услуги
- На дното на секој пратен бесплатен е-маил додадена е едноставна
реченица, “Отворете приватен бесплатен е-маил на
http://www.hotmail.com/” (Оваа тактика сеуште ја користат голем број на е-маил сервиси) - Потоа само се чекало корисниците да
праќаат пораки на своите пријатели и соработници, кои кога ја виделе
пораката, отвориле бесплатен е-маил и повторно праќале пона
својот круг на пријатели и соработници.
Внимателно испланираната стратегија на виралниот маркетинг може брзо да постигне одлични резултати.
{mosimage}
Елементи и стратегија на виралниот маркетинг
Некои
стратегии на вирaлниот маркетинг постигнуваат подобри резултати од
другите, некои едноставни како Hotmail.com даваат извонредни резултати.
Успешноста зависи од низа елементи, но шест од нив се истакнуваат како
најважни. Стратегијата на овој вид маркетинг не мора да ги содржи сите
шест, но што повеќе елементи се вклучени поголема е можноста за подобри
резултати.
Влијанието на виралниот маркетинг:
- Подарува
производ, услуга или дава попуст на истиот – повеќето стратегии на
виралниот маркетинг подаруваат вредни производи или услуги за да
привлечат што поголем интерест. “Евтиното” ќе привлече интерест, но
бесплатното ќе го направи тоа побрзо. Претпријатијата кои употребуваат
вирален маркетинг практикуваат “одложено задоволство”, тие можеби нема
да заработат денес или утре, но доколку предизвикаат голем интерес за
нешто бесплатно, знаат дека ќе заработат “многу наскоро” - Им овозможува едноставен трансфер на другите –
виралниот маркетинг функционира извонредно во интернет опкружувањето
поради евтината, едноставната и брзата комуникација. Од гледна точка на
маркетингот, пораката мора да биде едноставна и не предолга, така што
би можела да се пренесува едноставно и без деградирање. - Иако
преминува од мала во многу голема – ако стратегијата е доста успешна, треба да се погрижиме ресурсите за извршување да бидат
осигурени и сигурни. - Искористување на вообичаените мотивации
и однесување – паметениот вирален маркетинг план ги искористува
вообичаените мотивации и однесување на луѓето. Изработете маркетинг
стратегија која го изградува своето проследување на мотивацијата и
однесувањето на луѓето и сте успеале. - Користете ја
постоечката комуникациска мрежа – секоја личност има барем осум
личности во своја близина, поширокиот круг може да биде стотина, илјада
други, во зависност од позицијата во општеството. Научете да ја
сместите пораката во постоечката комуникациска мрежа, бидејќи тогаш
забрзано ќе се мултиплицира и диспензира. - Искористувањето на
предностите на другите (дополнителни) ресурси – најкреативната вирална
маркетинг стратегија користи дополнителни
ресурси, на пример
направете соопштение за печатот, бесплатен текст (кој ќе има линк до
вашата страна) кој може да биде објавен на разни други интернет страни
и на тој начин може да привлечете посетители на вашата страна.
Покрај
овие набројани елементи, овој маркетинг може ефективно да
функционира само доколку е и искрен. Виралниот маркетинг има позитивни
резултати кога корисникот прифаќа вирална порака, а на само кога ја
проследува.
Вирален маркетинг како дел од вкупниот маркетинг план
Уште
една предност на вирaлниот маркетинг е и таа што лесно се вклучува во
останатите интернет акции со кои се задоволуваат целите на маркетинг
планот. На пример, огласот може да ја претставува страницата на која
корисниците може да се вклучат во виралната акција, да ја претстават
самата акција, а таа може да биде вклопена и во
самиот оглас.







