5 коментари 1 мин. читање

Виралното видео на Кумановци ја победи етничката омраза

Видеото од двајца жители на Куманово – Албанец и Македонец – кои прегрнати објаснуваат дека терористичкиот напад не е поради меѓунационален конфликт е најпопуларното видео во Македонија досега. Интервјуто дадено за 24 вести, а споделено на Facebook профилот на новинарот Васко Маглешов за само еден ден е прегледано над 500.000 пати!, има 26.000 лајкови и над 17.000 споделувања. Прашањето можеби е дали оваа порака за соживот ќе беше прегледана од толку многу луѓе ако ги немаше друштвените мрежи, и ако беше оставено на македонските медиуми да ја пренесат? Но, тоа што е сигурно е дека повикот за соживот и рекордниот број на прегледи и поддршката од граѓаните, се единствената светла точка од нападите и најдобар одговор до сите кои повикуваат на насилство, и за среќа се во помал број.

„Јас живеам тука 40 години, и 40 години немам лош збор со Албанец и Македонец. Мило ми е што заедно ги сфативме манипулациите на политичарите“, вели храбриот Кумановец кој ги повика политичарите да работат со народот, да излезат со информации и да го решат проблемот.

(Ова е верзијата закачена на YouTube)

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top