0 коментари 2 мин. читање 10 декември, 2014

Vip тестира Voice over LTE и WiFi услуга

Vip ќе биде помеѓу првите телеком оператори во регионот кој на своите корисници ќе им понуди Voice over LTE (VoLTE) и Voice over Wifi (VoWifi) услуга, ветија од компанијата. Услуга од VIP е решение на Мавенир, а компанијата ги демонстрираше гласовната комуникација во комбинација на 4G и виртуелизација на мрежна технологија.

Технологијата во суштина е овозможување на говорни повици преку интернет, односно преку брзите 4G и WiFi мрежи наместо мобилните мрежи. Бидејќи 4G е релативно брза мрежа која пренесува голем број податоци, ќе значи дека има подобар квалитет на звукот, и повиците ќе се поврзуваат побрзо.

„На презентацијата беше покажано дека во наредните години корисниците ќе добиваат услуги кои се засновани на виртуелизирана и скалабилна технологија, со што ќе се овозможи целосна искористеност на потенцијалот на корисничките уреди и мрежните капацитети обезбедувајќи притоа унифицирано и оптимално искуство“.

Новата технологија е поглед кон идината и мрежи кои истовремени треба да бидат мулти-функционални, скалабилни и униформни. Ова ќе овозможи во иднина целосно да се искористи потенцијалот на уредите, паметни телефони или таблет компјутери, но и на мержните капацитети на компанијата.

Vip оператор најави и дека ја проширува покриеноста на својата 4G мрежата за да ги опфати Скопје, Куманово, Штип, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци, Кочани и Струга.

[youtube]ujWyQ88lGno[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top