0 коментари 2 мин. читање 9 декември, 2014

Обама e првиот американски претседател кој напиша компјутерска програма

Без разлика на возраста и знаењето, секој може да научи да програмира, покажа г. Обама. Претседателот на САД постојано повторуваше дека секој мора да се научи да кодира, и сега ги претвори зборовите во дело, пишува Wired.

Програмата која г. Обама ја напиша е едноставна програма која црта квадрат на екран, но иако ова се скромни почетоци сепак се доволни за да го стават во историјата како прв американски претседател кој напишал софтверска програма. Според г. Обама, технологијата е клуч за американската иднина, и ги потикна сите млади Американци наместо да „купуваат игри, креирајте една, наместо да симнувате мобилни апликации, направете една“.

Неодамна и креаторот на мрежата, Тим Бернерс-Ли, побара од британските политичари да научат да кодираат со цел да ја разберат технологијата, и со тоа да гласаат за соодветни закони кои ќе помогнат во нејзиниот развој. Можеби примерот на г. Обама ќе ги потикне политичарите ширум светот да се заинтересираат за софтвер.

[youtube]6XvmhE1J9PY[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top