1 коментар 1 мин. читање

Vip стартува Тwitter преку SMS

Еве дел од официјалното соопштение на Vip кој ја објаснува услугата.

„За да се користи оваа услуга не е потребен специјален софтвер или пристап на интернет. Новата услуга е достапна за сите Vip постпејд или припејд корисници кои едноставно треба да поседуваат телефонски апарат кој може да праќа и прима SMS пораки и активен Vip број кој треба да го регистрираат во својот личен Твитер профил во делот Прилагодувања/Уреди/Мобилен (Settings/Devices/Мobile). Веднаш по активирањето на услугата на својот Твитер профил, корисниците веднаш и без ограничувања ќе почнат да ги добиваат сите информации – нови коментари, нови пораки или покани кои пристигнуваат на нивниот Твитер. Во исто време кога корисниците ќе сакаат да испратат информација, да одговорат на коментар или слично тоа ќе можат да го направат едноставно со испраќање на SMS на бројот 40404.“

Повеќе информации за Twitter@SMS ќе најдете тука.

Ова е прва Twitter услуга од македонските оператори, додека Vip и ONE воведоа свои Facebook@SMS сервиси. Дефинитивно ќе гледаме уште вакви услуги од операторите кои се фокусираат на се популарните друштвени мрежи.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top