1 коментар 2 мин. читање 5 февруари, 2015

Vip и One ќе почекаат со спојувањето уште три месеци

Vip и One ќе треба да причекаат уште три месеци за одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, која најави дека во следните 90 работни дена ќе поведе постапка во која ќе дозволи или забрани основање на нов заеднички ентитет.

Комисијата за заштита на конкуренцијата на трети февруари донесе заклучок дека постои опасност спојувањето меѓу Vip и One да биде проблематично за пазарот и корисниците, бидејќи заедно двете компании ќе го имаат поголемиот дел од пазарот со над 50 отсто.

„Комисијата започна со испитување на извесувањето и утврди дека концентрацијата за која е поднесено известувањето потпаѓа под одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за последица може да има значително нарушување на ефективната конкуренција на пазарот или негов суштински дел. Од овие причини, а заради утврдување на сите факти и околности од значење за правилна оценка на предметната концентрација, Комисијата донесе Заклучок за поведување на постапка.“, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата на својата веб страна.

Првпат можното парнерство помеѓу Vip и One беше најавено кон крајот на октомври, а ова значи дека за можно креирање на ентитетот можеби ќе треба да чекаат шест месеци. Покрај мобилна телефонија двете компании нудат и фиксен интернет и дигитална телевизија. И двете компании засега молчат за што може да очекуваат корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Владо
Владо
11 years ago

Ми мириса на можна продажба на некои технички делови од ВИП, ОНЕ и Близу ради намалување на процентот на застапеност на пазарот.

Мени
Заедница
Изглед
To top