Википедија на македонски јазик надмина 50.000 статии

во Веб, ИТ.МК

Со текстот за перуанската покраина Акамојо, креиран од корисникот MacedonianBoy, Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 50.000 статии и стана 54-тата Википедија по број на статии во светот. Споредено со соседните држави, Википедија на српски јазик има 145.000 статии, на бугарски 120.000 статии, на грчки 65.000 статии и на албански јазик 34.000 статии.

Онлајн енциклопедијата се збогатува со содржина благодарение на корисниците-волонтери. Моментално според официјалната статистика oд стартување на енциклопедијата од 2005-та до август 2011-та имало 928 корисници кои придонеле со текстови или уредувања на Википедија на македонски јазик.

„50.000 статии значи финале на еден напор на вики заедницата која учествува во збогатување на содржините на википедија на македонски јазик, тоа значи енормно вложен труд на доброволци кои сакаат да го споделат своето знаење со пошироката заедница која го говори македонскиот јазик. Со оглед на тоа што повеќето од овие 50К статии е напишана од релативно мал број на многу активни уредувачи, оваа бројка значи попатна станица на возот наречен „Википедија“ на која патниците ќе повикаат да им се придружат нови вредни уредувачи кои светот ќе го збогатат со слободни содржини на македонски јазик.“, вели претседателот на Викимедија Македонија, Димче Грозданоски.

„Постојат преку 30.000 регистрирани корисници и секако далеку поголем број на анонимни корисници на нашата онлајн енциклопедија. Тоа се навистина бројки за респект, бројки со кои ретко кој онлајн медиум во Македонија може да се пофали. Во денешно време кога ќе ни затреба некоја информација тогаш истата инстантно и слободно ја добиваме од Википедија, тоа треба да биде доволен поттик на сите наши регистрирани корисници да го споделат своето знаење со светот, бидејќи токму информацијата со која тие располагаат некому му е од неопроценливо значење. Тоа треба да биде доволен поттик нашите анонимни корисници да се регистрираат на википедија за да покажат дека се со нас. Се разбира природата на Википедија не е од забавен карактер и не може да очекуваме масовност како на популарните социјални мрежи, но значењето на Википедија како извор на знаење е непроценливо за пошироката заедница. Накратко се повеќе корисници пројавуваат интерес за уредување, посебно откако корисникот ќе свати дека уредувањето се прави на едноставен начин а информацијата која ја споделува е од драгоцено значење за некој друг.“

Покрај на официјалниот сајт Википедија на македонски јазик може да ја следите и на Facebook и Twitter каде дневно се споделуваат интересни статии.

Со 50.000 текста Википедија на македонски јазик е единствена онлајн енциклопедија на македонски јазик достапна за корисниците ширум светот. Википедија на македонски јазик е поддржувана од здружението на граѓани Викимедија Македонија, невладина, непартиска, и непрофитна организација која постои од 2010 година и е призната за „локален огранок” на Фондацијата Викимедија за Република Македонија, но како и сите „ограноци”, егзистира како посебен и независен правен субјект

Честитки до Википедија на македонски јазик, браво до сите корисници кои придонесоа со збогатување на содржините! До сите останати – придонесете дел од своето знаење!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments