0 коментари 1 мин. читање 28 ноември, 2014

Victoria’s Secret претстави спортски градник со монитор за работа на срцето

Victoria’s Secret се приклучи во трката за креирање на паметни фитнес додатоци. Овој пат се работи за нов спортски градник кој доаѓа со вграден монитор за следење на работата на срцето. Според компанијата која е позната по својата долна облека, паметниот градник е „совршен за трчање, бокс и темпо-вежби“, со дополнуње дека Incredible градникот има сензори кои може да се поврзат на речиси сите срцеви монитори.

Incredible градникот доаѓа по соработката со Clothing+, фински производите на ткаенина со вградени сензори. Покрај сензорите кои се вградени во градникот, на корисниците ќе им биде потребен и монитор за работа на срцето кој едноставно се приклучува на сензорите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top