Пред неколку дена Nvidia претстави импресивна вештачка интелигенција која речиси од обични шкртаници креира неверојатно слики. На корисникот секако ќе му требаат неколку секунди за оваа слика, но она што потоа со сликата го прави вештачката интелигенција на Nvidia е импресивно.

Станува збор за интересна алатка за цртање во која корисникот одбира што црта и му дава форма. Од името на мрежите (generative adversarial networks) апликацијата е наречена GauGAN. Четките се своевиден избор на материјал, а корисникот само дава некој облик, а потоа вештачката интелигенција сама одлучува што и како влегува во оваа форма, секако имајќи предвид што е избрано. Неверојатно е дека вештачката интелигенција научила и дека ако некој црта со „вода“ треба да додаде рефлексија.

Она што мора да се истакне е дека алатката не користи делови од постоечки слики со кој го пополнува просторот, туку креира уникатен дел.

Алатката е на Tensor платформата, хардверот на кој е презентирана е RDX Titan. Според брзината на цртањето се чини дека настаните се случуваат во реално време, од повлекување на линијата, па до креирањето на површните. Nvidia користеше милион слики од Flickr за да ја извежба вештачката интелигенција. За тренирањето се користени слики објавени под Creative Commons лиценцата.

Веројатно најголем дел од уметниците и дизајнерите нема да ја користат оваа алатка, но би можела да биде корисна кога е потребна некаква слика набрзина.

Засега софтверот е тест прототип и нема комерцијална верзија. Од Nvidia се надеваат дека GauGAN ќе биде дел од AI Playground. За скоро време е најавена тест верзија за сите кои сакаат да го тестираат софтверот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk