Вештачката интелигенција на Microsoft e најдобар Ms. Pac-Man играч

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Откако Google ја упропасти Го за луѓето, сега Microsoft започна да ги уништува и дигиталните игри. Прва на листата е Ms. Pac-Man, а вештачката интелигенција веќе го има најдобриот резултат на сите времиња.

Технологијата е креирана од компаниајта Maluuba која од неодамна е во сопственот на Microsoft. Вештачката интелигенција стигна до 999.999 поени, што е бројка која досега никој не ја достигнал.

Pac-Man има куп можности и куп најразлични ситуации во текот на играњето, па предвидувањето на целата партија е проблематично. Комплексноста на играта е предизвик за креаторите на алгоритмот. Решението е слично како она на AlphaGO. Алгоритмите разгледуваат помали сегменти од играта и истите различно ги наградуваат. Така најмногу поени носи изеден дух, па овошјето, па обичните поени и на крај негативни поени се добиваат за смрт на Ms. Pac-Man. Потоа, на база на овие поени, алгоритмот пронаоѓа која област е најдобра и кое решение е најпогодно во тој момент.

Заради својата комплексност и потребата од речиси човечко ниво на интелигенција, видеоигрите се одлична платформа на која може да се тестира машинското учење.

Ако ве интересираат повеќе податоци за работата на Maluuba, разгледајте го следниот документ.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments