0 коментари 2 мин. читање 16 јуни, 2017

Дронови кои пренесуваат дефибрилатори ќе спасуваат животи

Времето е клучно за третирање на срцевите напади и понекогаш минути се клучни за спас. Дронови со дефибрилатор во просек се 16 минути побрзи од службата за итна медицинска помош, пренесува Guardian.

Ова се резулати на истражувањето на Karolinska Institute од Стокхолм. Истражувањето е направено во симулирани напади, а не во вистински случај на срцев удар.

„Срцевиот напад е една од најчестите причини за смрт во развиениот свет. Секоја минута е важна, би рекол дури, секоја секунда“, вели Јакоб Холберг, лидер на проектот.

Колку е важна разлика од 16 минути покажува и фактот дека ако екипата за итна медицинска помош дојде по 10 или 12 минути речиси нема можност за спас. Дефибрилаторот се користи веднаш или по неколку минути, а потоа се намалуваат изгледите за спас.

Дроновите постојано се подготвени за лет. Од јавувањето на диспачерот до полетувањето поминуваат 3 секунди. Може да летаат со брзина до 70km/h и да поминат растојание од 15 km. За разлика од службата за итна медицинска помош која мора да вози по патиштата, дронот може да минува и над препреки. Поради ова дури и кога тргаат од иста локација и истовремено, дронот пристига побрзо. Еден од проблемите е користење на дефибрилаторот од необучени лица, но понекогаш ова е ризик кој мора да се преземе.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}