Важно > поважно > тоа што прави разлика

во Статии

{mosimage}”Самиот производ беше важен, како што беше и целата маркетинг стратегија; но на крајот тоа што ја направи разликата беше посветеноста кон производот и кон клиентот.”

Ова можеби ви звучи како уште една маркетинг дефиниција од Котлер, но всушност е еден сосема реален и практичен совет од искуството на
William H. Davidow напишан во неговата книга "Marketing High Technology". Човекот си правел падни/стани во кариерата (како што прочитав) и ја напишал книгата врз основа на неговото конечно-успешно маркетинг искуство во компанијата Интел. Напишанa е дури во 1986 (издавањето на книгата), кога маркетинг теоријата била во раните фази на развој (се појавиле првите матрици од BCG, кои мајка ми не ги учела на економски, за сметка на предмети со keyword “планирање”), што го прави интересен период бидејќи вработените во маркетинг започнале да добиваат идеја за најважните концепти во маркетингот преку искуство, а истите се темели за денешната маркетинг литература и практика, како и за растот и успехот на компаниите.

Сега веројатно се прашувате: Зошто ги спомнувам баш овде?

Во моментот во кој ги читав, овие концепти ми најдоа голема примена и затоа сакав да ги споделам, надевајќи се дека ќе се пронајде во нив уште по некоја маркетиншка душа.

Било да зборуваме за онлајн компанија или за физичка канцеларија, основањето и зголемувањето на вашиот бизнис бара многу работа и посветеност. Дури во моментот кога мислите дека се е добро организирано за да почнете да ги служите клиентите во продавницата, всушност тогаш кога треба да почнете да размислувате како да ги подобрите производите и услугата врз основа на односот со клиентите. Тоа е траен процес кој што ќе ве води кон нудење на супериорно искуство за вашите клиенти, што е “тоа што прави разлика”.

Бидејќи темата на моите статии е околу е-бизнисот и поврзаните концепти, ќе се фокусирам на еден таков случај:

Кога се припремав за да го презентирам првиот план за имплементација на софтвер за менаџмент на односите со потрошувачите (CRM) на еден сопственик на козметички салон овде кај нас, колегата ми рече (знаејќи колку претпоставувам дека другите ме сфаќаат и брзам за да не им бидам досадна): "Чувствувај се слободно да ги објасниш сите поединости во детали, така што сопственикот да може да сфати колку е важно да се грижи за секоја од нив посебно и како при систематско справување со сите нив и подобрување на операциите според истите, може да придонесе до брз пораст на бизнисот."

Оваа реченица ми остана во глава и беше многу добро формулирана практична вистина за водење на компанија!

Кај нас гледам многу примери во кои компаниите не ни знаат точно кои им се клиентите, што купуваат, дали го сакаат тоа што го купиле и што би сакале да купуваат. Прават делумно прибирање на нивни податоци и ги чуваат на разни места, на разни медиуми (хартија / дигитално)… А тие информации им се најважни! Ако мене некој може да ми каже точно што сакаат луѓето (поврзано со мојот производ) и со време да ме информира како им се менува вкусот, па тогаш ќе одам во Охрид на плажа (ај да ни останат овде парите) цело лето и компанијата ќе ми цвета.

Напротив од моменталната ситуација, мислам дека сопствениците на компании би требало да искористат голем дел од нивната енергија за да ги соберат и искористат сите коментари од клиентите, нивните повратни информации, барања па дури и да забележат какви гримаси прават на лицето кога го гледаат производот, што им е важно додека мислат да го купат, и што мислат откако го купиле. Сето тоа треба да биде основата за да се прилагодат постојните понуди и да се дојде до идеи за нови.

Постојат многу софтверски решенија за да се овозможи оваа систематизација, но поентата ми беше во концептот: "…на крајот тоа што ја направи разликата беше посветеноста кон производот и кон клиентот"

Повелете во форумот да ја довршиме темата за CRM (менаџмент на односи со потрошувачи), зашто има многу работи што треба да се додадат, а верувам и многу искуства, кои сакам да ги собереме на едно место.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments