Valve се приклучи кон Linux Foundation

во Софтвер

Неколку месеци откако го објави Steam ОС, Valve се приклучи кон The Linux Foundation. Фондацијата е непрофитна група која се залага за поголем напредок и промоција на Linux, а бенефитот од соработката е што Valve ќе може да го насочи развојот на оперативниот систем во посакувана насока што во нивен случај несомнено е гејмингот, пишува Ars Technica.

„Приклучувањето кон Linux Foundation е една од многуте инвистиции на Valve со кои допринесува за гејмингот на Linux. Со овие напори се надеваме дека ќе развиеме алатки за развој на квалитетот на искуствата на Linux, да се обидеме да ги обврземе производителите на хардвер да ја приоретизираат поддршката за Linux и да доставиме елегантна и отворена платформа за сите Linux корисници“, вели Мајк Сартан од Valve.

Поддршката на Valve кон Linux Foundation започна по недарозбирањата со Microsoft, кои ја отворија Windows App Store. Гејб Њувел тогаш возврати нарекувајќи го „Windows 8 катастрофа за сите во РС просторот.“ Неодамна компанијата ги најави Steam OS оперативен систем со Linux подлога, гејминг конзоли Steam Machines кои ќе доаѓаат со овој оперативен систем, а компанијата веќе ги преработи своите хит игри за Linux.

Се проценува дека влезот во The Linux Foundation ја чинело компанијата помеѓу 5.000 и 500.000 долари. Членарината од 500.000 долари би им донело место во советот на фондацијата, каде членови се Sony, AMD, IBM, Oracle, Samsung, Cisco и Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments