0 коментари 1 мин. читање 5 декември, 2013

Украдени се над 2 милиони профили од Facebook, Twitter и YouTube

Корисниците во 92 земји треба да ги променат своите лозинки на поголем дел од друштвените мрежи. Над 2 милиони профили од Facebook, Gmail, Twitter, Yahoo и Linkedin се во рацете на хакери, велат Spiderlabs на својот блог. Алатката која напаѓачите ја користеле е keylogger, верзија на озогласениот Pony botnet controller, кој е инсталиран на корисничките профили за да украдат милиони лозинки. Околу 1.580.000 податоци за веб страни, 320.000 имејл профили, 41.000 FTP, 300 Remote Desktop податоци и 3.000 Secure Shell податоци.

Постои голема веројатност листата на 2 милиони корисници голем дел да имаат исти комбинации на корисничко име и лозинка за повеќе сајтови. Сепак се чини дека за дел од корисниците напаѓачите можат дури и да ја погодат лозинката. Еве дел од омилени лозинки на корисниците: 123456 се користи од дури 15.820 корисници, 123456789 кај 4.875 корисници и 1234 кај 3.135.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top