0 коментари 2 мин. читање 14 октомври, 2013

Valve покажа како ќе се играат игри со Steam Controller

Valve ја направи првата презентација на своите контролери и за прв пат може да се види како ќе изгледа играњето со Steam Controller. Презентацијата е направена со четири игри Portal 2, Civilization V, Counter Strike и Papers Please. Контролерот е најавен пред нешто повеќе од две недели заедно со Steam OS и Steam Machines конзолите, кој заедно со контролерот треба да и помогнат на компанијата да ја запоседне дневната соба на корисниците.

Првата работа која се забележува е дека на место на класичниот контролер, Steam Controller има trackpad и екран да допир во центарот. Оваа поставеност треба да ги замени глувчето и тастатурата при играњето на сите игри, од стратегии до FPS. Контролерот ќе биде компатибилен и со постарите игри, „Излажавме некои од постарите игри дека се игра со глувче и тастатура, но контролерот е креиран потполно различно од овие уреди“, велат од Steam. Прв поглед на контролерот ќе имаат корисниците кои ќе бидат тестери на првите 300 Steam Machine конзоли, кои ќе ги добијат првите конзоли кон крајот на годината.

[youtube]eeAjkbNq4xI[youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top