0 коментари 3 мин. читање 30 мај, 2025

Успешно прво издание на CASSINI хакатонот

На првиот CASSINI Хакатон одржан во Македонија, кој се одржа од 16-ти до 18-ти мај
2025 година во ИТ хабот Netaville во Скопје, победничкиот тим MEDAIST ја освои главната
награда на локално ниво со своето иновативно решение Air Health Map – мобилна
апликација за детекција, пријавување и следење на нелегални депонии со користење
сателитски мапи, мониторинг на загадување и експертска анализа.

Апликацијата овозможува алармирање на надлежните институции и медиуми, како и
вклучување на јавноста преку интерактивни алатки и еко-награди, со цел подигање на
свеста и поттикнување на здрава и чиста животна средина.

Со освојувањето на првото место, тимот MEDAIST доби парична награда во износ од
3.000 евра обезбедена од G+D Netcetera и се квалификуваше за европскиот финален
натпревар, каде се соочи со победничките тимови од уште девет европски држави.

Photo credits: CASIINI хакатон

Хакатонот беше организиран во рамки на серијата CASSINI Hackathons, иницијатива на
Европската комисија имплементирана од Агенцијата за вселенска програма на ЕУ
(EUSPA), со цел поттикнување на иновации и практична примена на вселенската
технологија во решавање на општествени предизвици. Темата на деветтото издание беше
„Вселената во поддршка на здравството“ (Space for Healthcare), каде учесниците развиваа
решенија со помош на Copernicus, Galileo и EGNOS податоци.

Настанот во Македонија беше организиран од конзорциум на организации: G+D
Netcetera, Здружение за вселенски развој ИНТЕРНЕШНЛ СПЕЈС АЛАЈНС – Кичево,
Меѓународно КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ – Битола и Македонски СТУДЕНТИ ЗА
ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ОД КОСМОСОТ – Скопје, во партнерство со повеќе
студентски, академски и граѓански организации, како и компании и институции од
здравствениот и технолошкиот сектор.

Овој успех го потврдува високото ниво на иновативен капацитет и мултидисциплинарен
пристап на младите таленти од Македонија
, како и потенцијалот на нашата земја
за придонес кон европските и глобалните предизвици преку примена на напредни
технологии.

Photo credits: CASIINI хакатон
Photo credits: CASIINI хакатон
Avatar photo
Напишано од

Љубомир Давитков

Љубомир Давитков е автор соработник на IT.mk, софтверски инженер, а во слободно време пишува tech блогови и вежба карате.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top