Usborne е веб сајт со корисни активности за деца

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Usborne е издавачка компанија која исфрла книги за деца веќе добри 40 години, а нивниот веб сајт е дигитална ризница која изобилува со креативни активности за деца од најразлична возраст.

Со посетување на сајтот, можете да одберете возраст за деца и да видите какви сè книги се имаат издадено од Usborne. Но, ова не е категоријата поради која првенствено сакаме да ви го предложиме сајтот. Поради тоа, упатете се кон втората која се вика Activities for Kids, а крие најразлични ливчиња за боење и загатки. Нови активности се редат на неделно ниво, а за секоја имате појаснување за која возраст е идеална. Корисен енџин за пребарување ви дозволува инстантно да се прикажуваат само активности од одреден тим и за одредена возраст.

Од истиот сајт ќе најдете и многу линкови кои им дозволуваат на децата дополнително да ги проучуваат темите кои се воведуваат со книгите. На сите млади писатели им стојат на располагање бројни совети за пишување состави и песни, како и колекција од најинтересни факти.

Како најсветла точка на сајтот се истакнува одделот со аудио книги. Имено, секоја недела децата можат да отслушаат по една кратка, но одлично прочитана приказна која е замислена да ги поттикне децата да за вовлечат во светот на имагинацијата и да размислуваат креативно.

Usborne е сајт кој топло го препорачуваме на сите оние кои сакаат нивните деца да го научат англискиот јазик на забавен, а со тоа и впечатлив начин.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Melon, part of Kin+Carta

Flutter Developer

Melon, part of Kin+Carta

iOS Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk