Epic Games бесплатно им го нуди Unreal Engine 4 на училиштата и студентите, со што ќе им помогне на компаниите полесно да пронајдат и вработат квалификувани девелопери.
Верзијата која Epic ќе ја доставува до средните училишта и универзитетите за академски цели е истата со верзијата за која се плаќа претплата, а заедно со ова редовно ќе доааѓаат и надградбите на Unreal Engine. Покрај креирање на видеоигри Unreal Engine може да се користи и за компјутерски науки, уметности, архитектура, симулации и програми за визуелизација. Овие корисници ќе бидат ослободени од месечната претплата од 19 долари, но сепак ќе треба да платат 5 отсто од заработката од направените видеоигри.
Придобивка на Epic Games од овој потег, покрај зголемувањето на популарноста ќе биде и тоа што студентите ќе се навикнат на нивната алатка, па по завршувањето на образованието ќе биде голема веројатноста дека ќе продолжат да ја користат креирајќи сопствени игри. Со оглед на тоа дека сепак станува збор за аплатка која се користи и професинално, се чини дека академските установи и студентите нема што да загубат.
[youtube]dO2rM-l-vdQ[/youtube]