Twitch и Amazon се создадени едни за други, вели Емет Шир, директорот на Twitch. Тој објасни дека иако не изгледа дека Twitch презентира реклами, сервисот го прави токму тоа со презентација на куп игри и искуства од истите. Истовремено ова го прават корисниците, што доколку судиме по искуството на Facebook и Twitter е најдобрата промоција за продукт која може да се понуди.
„Целиот наш сајт, на некој начин е реклама за видеоигри. Креаторите на видеоигри сакаат да продадат повеќе копии од своите игри, Twitch соработува со нив за да креира подобра можност да ги натера корисниците да ги купат игрите. Но корисниците не треба да очекуваат Add-to-Cart копче на Amazon“, вели г. Шир за Recode.
Сепак според најавите од г.Шир, Twitch нема да биде новото „заштитно лице“ на Amazon кое ќе му помогне да продава повеќе, доколку го направи ова ќе уништи многу од работите кои го прават одличен сервис. Доколку директорот на Twitch ги одржи своите ветувања, тогаш корисниците немаат причина за стравување. Сепак доколку Amazon се одлучи да ги искористи податоците од Twitch за на корисниците да им понуди други производи ова би можело да се промени.







