Unity собра 180 мил. долари за виртуелна и проширена реалност

Омилениот енџин на повеќе помали развивачи на видеоигри Unity собра дополнителни 181 милион долари во нов инвестициски циклус. Средствата собрани во оваа инвестициска рунда неколку кратно ги надминуваат претходните. Досега беа собрани 25 милиони долари, па сегашните 181 милион значително ги надминуваат претходните инвестиции. Инвеститорите ја проценуваат компанијата на 1,5 милијарди долари.

Unity почесто е избор на независните развивачи и помали студија, додека поголемите студија го користат Unreal Engine на Epic Games. Најпопуларната игра во моментов Pokemon Go е изработена со Unity, а во енџинот се изработени и делови на Hearthstone. Речиси третина од 1.000 мобилни игри кои најдобро заработуваат се изработени во Unity, но развивачите не сакаат да застанат само на видеоигри, бидејќи сакаат луѓето да ја користат платформата за нешто многу повеќе од видеоигри. Виртуелната и проширената реалност се дел од содржините кои можат да бидат креирани со енџинот, па од Unity се надеваат дека корисниците ќе го користат токму за ова. Дури 90 отсто од содржините за Gear VR се изработени во Unity, пренесе TechCrunch.

„Мое гледиште е дека пазарот за проширена и виртуелна реалност ќе го проголта Интернет“, вели Џон Ричитело од Unity за Bloomberg.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments