Broadcom навистина запна да го купи Qualcomm. Комапанијата понуди над 121 милијарди долари за производителот, додавајќи дека ова е нивна финална понуда, пренесе Reuters.
Доколку понудата биде прифатена, купувањето на Qualcomm ќе биде рекордно кога техничките компании се во прашање.
Секако, цената која ќе ја плати Broadcom изгледа луда, но двете компании заедно би имале монопол на 5G мрежите. Ова ќе овозможи огромна заработка за само неколку години, без конкуреницја која би можела да им се спротивстави.
Дури и самите пенали кои би ги платил Broadcom ако продажбата не заврши за една година се астрономски. Сумата е проценета на 10 милијарди долари, дозна CNBC.
Сумата која ќе ја плати Broadcom е 60 долари по акција. Значително е зголемен делот кој компанијата ќе го плати во акции, од 10 на 22 долари.
Според аналитичарите ова е реалистична процена, па очекуваат дека Qualcomm ќе ја прифати. Еден од дополнителните мотиви во оваа насока се и тужбите кои Qualcomm ги има со своите најголеми клиенти, Apple и Samsung.