Улогата на социјалните медиуми за време на кризи

Кај нас, Twitter е одлично место за први да дознаете дали имало земјотрес или не, или пак пак да добиете информации од очевидци за грабеж на банка кој се случил пред само 5 минути. Twitter и Facebook се одлични алатки за брзо да се рашири некоја информација како на пример за пожар, поплава, терористички напад или некоја епидемија која се заканува. Информацијата преку овие медиуми се шири многукратно побрзо од истата преку традиционални медиуми и може побрзо да се реагира.

На пример, во 2009-та година две девојчиња од 10 и 12 години од Австралија кои се загубиле поради бура, наместо да повикаат помош од своите мобилни телефони, тие го обновиле својот статус на Facebook со таа информација. Некој го видел нивниот статус и повикал помош.

Исто така, во Атланта, советник кој видел жена која е во несвест наместо да повика брза помош плашејќи се дека неговата батерија ќе се испразни додека да се разбере со надлежните, испратил порака на Twitter со едноставна порака кажувајќи дека му треба болничар, адресата и замолил истото да се ретвита. За неколку секунди, неколку луѓе се јавиле на брза помош и ситуацијата завршила успешно.

Токму порави вакви примери, некои агенции и организации за справување со итни случаи, пример Црвен крст, имаат свои профили на Facebook и Twitter каде можете да ги контактирате. Во Македонија такви примери се ретки, но можам да ги посочам Anima Mundi, здружение за заштита на животни и работат токму на принципот на постување итни случаи на Facebook. Корисник ќе сподели дека видел повредено кученце на пример, и по неколку минути се наоѓа некој од сите тие луѓе кој ќе го згрижи. Исто така, често гледам статуси кои се во полза на луѓе на кои им е потребна итна донација, или пак дарување на крв, и со сигурност може да се каже дека нивната порака добива повисок број на одговори, од традиционалното пласирање.

Овој феномен е интересен за разгледување и понатамошно развивање. Што ако оние кои се задолжени да помогнат во итни случаи имаат свои профили на социјалните мрежи? Колкав ќе биде нивниот процент на успешност и колку повеќе ќе помогнат? Сигурно многу. Можам да кажам дека иднината на решавањето на итните случаи е со сигурност во социјалните медиуми.

Еве еден инфографик токму на оваа тема, кој е направен од CreditLoan:

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Zoran Grozdanovski
15 years ago

Исто така, често гледам статуси кои се во полза на луѓе на кои им е потребна итна донација, или пак дарување на крв, и со сигурност може да се каже дека нивната порака добива повисок број на одговори, од традиционалното пласирање.

Извор: http://it.com.mk/ulogata-na-socijalnite-mediumi-z

Се сложувам со написот, но за жал понекогаш се случуваат грешки, најчесто поради непроверени информации. Интересен и трагичен е статусот која на Facebook се прошири со невидена брзина, некаде на почетокот на овој месец, а се однесуваше на итна потреба од крв од групата А Rh- за дете кое боледува од леукемија. Со мало прошетување по интернет се дојде до соопштението од родителите објавено уште во 2009 година со кое им заблагодаруваат на хуманите луѓе, но за жал детето починало. Значи уште во 2009. Затоа сепак потребна е проверка на информациите.

Tamara Atanasoska
15 years ago

Ух, стварно непријатна ситуација, не знаев дека се случило такво нешто. Имате право дека тука се налага прашањето за веродостојноста на информациите, затоа што секој може да пише што сака. Тоа е голем недостаток на пласирањето токму вакви информации на социјалните медиуми, поради можноста од злоупотреба.