Улис и зомбија

во Свет, Статии

Ова е првиот наслов на кој помислив кога прочитав дека од 1 јануари 2012 делата на Џејмс Џојс влегуваат во јавниот домен во ЕУ. За оние кои не знаат Џојс се смета за „родоначелник и втемелувач на модерниот прозен и експериментален пристап“ [според Википедија на Македонски]. Насловот не е случаен. Една исто така голема авторка Џејн Остин, чии дела од поодамна се наоѓаат во јавниот домен, има добиено проширувања и преработки со зомбијата како централна тема. Книгата се вика „Гордост и предрасуди и зомбија“ и настрана од поволните критики што ги има добиено, ова дело претставува еден од светлечките примери за тоа што може да се прави кога културата е слободна. Уште еднаш, по кој знае кој пат, познатиот рефрен на Лоренс Лесиг: „Креативноста секогаш се надоградува на минатото“ – совршено го сумира овој уметнички потфат, како и можностите што стојат пред нас.

Но, љубителите на проза со зомбија не се единствените што се радуваат на оваа вест. Според текст од American University единствениот наследник на имотот на Џојс, неговиот внук Стефен Џојс, будно и жестоко ги бранел правата од делата на Џојс, дејствувајќи против јавноста што сакала да го слави големиот писател и против академската заедница за која делата на Џојс се од големо значење.

Така оваа година за прв пат на 16 јуни, на Блумсдеј – денот кога се случува „Улис“ и денот кога светот го слави Џејмс Џојс, тие прослави нема да бидат модерирани од страна на режимот на авторски права.

Статуа на Џејмс Џојс во Даблин

Радоста сепак ја нема во целиот свет. На многу од книгите на Џојс авторските права остануваат да важат во САД уште најмалку десетина години. Делата на Џејмс Џојс не се единствената жртва на проширувањето на режимот на авторски права во САД. Како што објави Центарот за проучување на јавниот домен, ако законот за авторски права останеше во формата од 1976 година на 1 јануари 2012 на јавниот домен ќе му се приклучеа: „Враќањето на кралот“ од Толкин, „Кратци на тела“ од Џек Фини, два од трите главни филмови на Џејмс Дин – „Источно од рајот“ и „Бунтовник без причина“ и уште дузина други култни дела.

Додека ја чекаме „Улис и зомбија“ преземањето од интернет на „Улис“ и другите дела на Џејмс Џојс е слободно – периодот од живот + 70 важи и во Македонија. Повелете на проектот Гутенберг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
gostinot
gostinot
12 years ago

Koja e vrskata na ovoj tekst so IT???

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Senior Software Automation Engineer

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Data Masters

Data Engineer

види ги сите огласи на kariera.it.mk