Украдени податоци од 500 милиони гости на хотелскиот ланец Marriott

Хотелскиот ланец Marriot ги доведе во опасност своите посетители. Минатата недела Marriot International откри дека хакери ја пробиле заштитата на системот за резервација на Starwood. Поради ова на над 500 милиони гости им се украдени личните податоци.

Starwood е подружница на Marriot International. Станува збор за еден од најголемите хотелски ланци кој од 2016 година е дел од Marriot International.

„Жалиме за инцидентот. Ги изневеривме гостите, и она што го очекуваме сами од себе. Правиме сѐ што е во наша моќ да ги поддржиме гостите. Ова искуство ќе го искористиме да бидеме подобри во иднина“, вели Арне Соренсон, претседател на Marriot.

За резервација во хотелите на Marriot се потребни броеви на платежни картички, адреси, броеви на пасоши. Платежните информации не се во директна опасност, бидејќи се криптирани. Сепак сите други лични податоци како броеви на пасош, имиња и адреси се проблем.

Нападот не е нов, започнал уште во 2014 година и е втор најголем напад по број на украдени податоци. Жртви на нападот се корисниците кои направиле резервација на Starwood брендот од 2015 до 2018 година. Ланците кои се зафатени се: Sheraton, Westin, W Hotels, St. Regis, Four Points, Aloft, Le Méridien, Tribute, Design Hotels, Element и Luxury Collection. Marriot, Ritz-Carlton и Residence Inn се на посебен систем за резервација и не се погодени од нападот, вели New York Times.

Компанијата за нападот дознала на почетокот на септември. Со оглед на тоа дека напаѓачите имале пристап до системот од 2014 година, овој податок можеби е и најзастрашувачки. Ланецот започна да ги известува сите корисници чии податоци се дел од оние кои се зафатени со нападот.

Компанијата објави веб страница на која корисниците можат подетално да се запознаат со опасностите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] почетокот на декември Marriott International откри дека хакери ја пробиле заштитата на системот за резервација на Starwood. Поради ова на над […]