{mosimage} Двајца руси и еден американец украле податоци за 130 милиони кредитни и дебитни картички во две годишен период, од 2006 до 2008 година, така што го хакнале платежниот систем на Heartland Payment Systems кои обезбедуваат плаќање преку картички на американски ланци на супермаркети како 7-Eleven.
Еден од криминалците бил и 28-годишниот Алберт Гонзалез, кој и претходно бил осудуван за кражба на податоци на 40 милиони кредитни картички. Тој претходно работел и како поткажувач на тајната служба на САД. Гонзалез е со дебело досие и познат по ваквите измами, па целава приказна со двајца руси и еден глуп американец звучи како виц, но во реалноста „ова е најголемата кражба на кредитни картички во американската историја“ вели Министерството за правда на САД.
Групата користела SQL injection напад, а претходно направиле долго истражување на листата на најбогати компании на Fortune 500 за да одредат кои корпорации да нападнат. Потоа тие ги посетувале продавниците за да видат кои платежни системи користат.
„Ова измама е претходно многу добро испланирана и истражена, со специфичен конфигурирани кодови, кои не се стандардни кодови за напад што можат да се симнат од интернет“ изјави Едвард Вилдин, истражувач од Министерството за правда на САД.
Сите тројца криминалци се фатени и на суд, и може да завршат секој со по 35 години затвор и над 1 милион долари казна.
Како да си ја заштитите картичката
Оваа кражба е комплексна и според истражувачите, луѓето тешко дека ќе се заштитат против ова бидејќи се работи за хакнување на платежен систе т.е на компјутерите. Тогаш постои голема шанса да се вратат украдените пари. Но… постојат многу полесни начини за кражба, за кој што треба да знаете бидејќи вие и само вие ќе бидете одговорни.
Претходно Ѓоко објави блог пост „Измами со кредитни картички“, во кој ги престави луѓето од Real Hustle, реално шоу кои објаснуваат разни видови кражби. Еве едно кратко видео кое покажува колку е лесно да ви ја украдат картичката.
Затоа претпазливо.






