Никола Ѓоргиев е Unity Developer кој реши своето C# и Unity искуство да го сподели со сите преку YouTube туторијали. Овојпат Никола го споделува своето искуство со JavaScript, а понатаму и со React.
Видеата се одлично склопени едноставни за разбирање и што е вистинска реткост, на македонски.
Во првото видео за ReactJs ќе се запознаеме со инсталирањето на сè што ни е потребно за нормална работа со React. За почеток почнуваме со инсталација на NodeJs.
Инсталирањето на NodeJs и React е малку поспецифично за почетници, па можеби ќе мора да го прегледате видеото, или да следите некој друг туторијал.
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.