Учествувајте во креирањето на независната советничка листа на „Зелен хуман град“

во ИТ.МК

МојКандидат е платформа на којa граѓаните можат да ги изберат кандидатите за советници во Градското собрание за независната листа на „Зелен хуман град“. Освен гласање, заинтересираните граѓани може да се пријават за кандидати за советници. Со ова за првпат граѓаните сами учествуваат во креирање на советничките листи.

Платформата им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во изборот на претставници во градскиот совет. Потоа преку предлози и идеи на МојГрад може и директно да влијаат и на градската политика. Граѓаните може да прочитаат и да се запознаат со заложбите на кандидатите уште пред тие да се дел од листата, па потоа да одберат дали ќе ги поддржат.

Секој граѓанин на Скопје ќе може да се пријави како потенцијален кандидат на листата на ЗХГ, со објаснување на неговите/нејзините ставови околу локални теми, размислувања и досегашно искуство во активизам. Сите кандидати ќе се објавени на платформата #МојГрад, каде што корисниците ќе може да гласаат за нивните омилени, а тие со најмногу гласови ќе бидат интервјуирани од тимот на ЗХГ, со цел пронаоѓање на најдобрите кандидати за советничката листа!

Во моментов претставниците на Зелен хуман град се подготвуваат за собирањето на потписи. Со актуелниот закон за да учествуваат на изборите треба да соберат 1000 потписи. Сепак, доколку се донесат најавените промени на Изборниот законик, оваа бројка ќе порасне на 2% од вкупниот број гласачи во општината. За Скопје оваа бројка ќе изнесува 9000 потписи.

На платформата веќе се пријавени првите кандидати кои ја очекуваат вашата поддршка за влез на листата. Може да прочитате за што се залага секој од нив и ако ви се допаѓаат да ги поддржите.

МојКандидат е дел од платформата МојГрад. Креатор на платформата е Горјан Јовановски. Тој на овој проект соработува со Драгана Велкова – советник во Град Скопје и организациите од коалицијата Зелен хуман град.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk