0 коментари 1 мин. читање

Ubuntu го избра Qt за SDK на својот мобилен оперативен систем

Ubuntu мобилниот оперативен систем е една од поактуелните теми деновиве, која станува поинтересна ако се види и кој SDK (Software Development Kit) ќе го користат развивачите за своите апликации.

Со можноста да се развиваат апликации во HTML5, SDK-то им нуди на развивачите да користат Qt крос-платформна алатка за развој на апликации. Ова е одлично за развивачите кои ќе имаат целосна слобода во развојот, бидејќи Qt апликациите не се засновани на средниот слој (како Java VM на Android).

Исто така, и дизајнерите ќе имаат голема слобода за дизајн на корисничкиот интерфејс со помош на QML или попознат како QtQuick, кој всушност е JSON декларативен јазик кој овозможува дизајнирање на модерно корисничко искуство.

Документацијата за Qt 5 можете да ја прочитате овде, темите за дизајнирање на кориснички интерфејси се достапни овде, а доколку сакате да учите преку видеа можете да го посетите http://qt.digia.com/qt5. Повеќе за како да започнете со развојот на вашата прва апликација, можете да прочитате на веб-сајтот на Ubuntu – Go Mobile.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top