Ubu Interactive престави проект, кој е дел од од Kinect Accelerator програмата со која Microsoft ги финансира најинтересните проекти кои го популаризираат Kinect, кој ќе ја претвори било која површина во екран на допир. Покрај апликацијата, целата направа е составена од проектор и Kinect сензор, кои не се вклучени во 149-те долари колку што чини основната верзија на софтверот. Добра вест е што вака склопените уреди целосно ќе ја отстранат потребата од огромни монитори со екрани на допир кои се прилично скапи.
Апликацијата доаѓа во основна, професионална, бизнис и ентерпрајз едиција. Основната верзија има една точка на допир и поддршка за површини до 45-инчи. Додека про и бизнис верзијата подржуваат „екран“ до 100 инчи и мултитач подршка за 2 односно до 20 за ентерпрајс едицијата. Цената на надградените верзии се 379 доалри за про, 799 долари за бизнис и 1.499 долари за ентерпрајз верзијата.
Апликацијата е креирана за Windows 8, а веќе е завршен и бета тестот на Ubi Interactive започна со нарачките за софтверот. Првите импресии на корисниците кои се вклучени во бета тестот на апликацијата, сега засега се позитивни, „Во моментот кога ја видов Ubi, ја засакав. Ова е иднина на дигиталниот дисплеј.“, вели Стив Клејтон, Microsoft.
[youtube]Iu2XH5p_hMM[/youtube]