Ubisoft работи на личен асистент за гејмерите

Оние кои ја користат гејминг платформата Uplay и се дел од Ubisoft Club програмата набргу ќе имаат на располагање личен гејминг асистент, во стилот на гигантите како Siri или Alexa.

Сем се одликува со неколку корисни способности. Од една страна ви дава лични совети кои се засновани на вашиот профил и, доколку покренете одредена игра, би можел да ве советува да пробате одредени работи во играта за кои можеби не сте биле свесни дека се присутни. Исто така, Сем може да се вдоми во вашиот паметен телефон и да функционира како chatbot, со што може да се впуштате во одредени ограничени разговори со вештачката интелигенција. На пример, можете да го прашате Сем колку време се поминале со некоја игра, да проверите што играат вашите пријатели во моментот или пак кога ќе излезе одредена игра. Секојпат кога ќе се најавите во Ubisoft Club, Сем може да ве информира за резултатите од вашиот последен меч, колку рунди сте победиле во, на пример, Rainbow Six: Siege, а и ќе ви понуди неколку YouTube видеа кои ќе ви покажат кои стратегии да имплементиравте во играта за да бидете подобри.

Дополнително, од долното видео можеше да се забележи и дека гејминг асистентот може да ви прикажуваа соодветни трејлери за Ubisoft игри, како и да ве известува за попусти кои сте ги заслужиле со играње одредени игри и отклучување достигнувања. За жал, таквото видео сега е отстрането и не може да се прегледа.

Моментно, Сем функционира како бета верзија, и тоа само во Канада. Откако ќе се соберат почетни податоци и се проверат реакциите на корисниците, асистентот ќе се вдоми и во направите на заинтересираните гејмери од целиот свет.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments