Ubisoft ќе ви ги изгаси игрите, но само привремено

Поради револуционерниот систем за менаџмент на дигиталните лиценци, неколку наслови на Ubisoft привремено ќе бидат оневозможени, иако самите игри сте ги платиле легитимно и тие се во ваша сопственост. Бидејќи што системот за одкривање легитимни верзии на игрите наречен uPlay ќе ги менува серверите, вашите Ubisoft наслови привремено ќе доживеат noPlay статус се додека транзицијата потполно не се изврши.

Assassin’s Creed и Splinter Cell: Conviction за OSX, The Settlers, Tom Clancy’s HAWX 2, Might & Magic : Heroes VI и The Settlers 7: Paths to a Kingdom за Windows се поголемите наслови што ќе доживеат привремено „заспивање“, за кое време вие би можеле да размислите за етичката оправданост на ваквите агресивни системи за заштита од нелегална дистрибуција на игри.

Ubisoft не даваат точно време додека сопствениците на овие игри ќе неможат да ги играат своите игри, но сепак одбрани неколку онлајн игри ќе останат функционални и овозможени за играње, можеби да ви помогнат да чекате додека не можете да уживате во останатите „привремено забранети” наслови.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk