Додека Apple ги чека оценките од корисниците, Apple Watch уредот е веќе финализиран и подготвен да се пушти во продажба. Но, креирање на паметен часовник не помина без проблеми. Компанијата имаше сериозни проблеми со часовникот, и тоа само неколку месеци пред да биде официјално претставен. И на почеток на 2013-та година кога Кевин Линч беше назначен да го води развојот на Apple Watch, ниту тогаш не беше се јасно. Apple немаше прототип, па дури ниту зацртан изглед на часовникот. Тоа што беше готово во ова време беше копчето од страна кое е креирано од тимот на iPod. Од тимот беше побарано да креира револуционерен уред кој ќе го носите на зглобот.
„Телефоните постанаа инвазивни, но што ако можете да креирате уред кој е целосно различен од ова? Што доколку креирате уред кој не сакате или не можете да го користите со часови? Што доколку креирате уред кој го филтрира срањето и ви ги доставува единствено важните информации? Можете да го промените современиот живот. И така 35 години по креирањето на уреди кои од нас го бараа целото внимание – колку подолго, толку подобро – Apple се одлучи дека за да оди напред мора да се врати еден чекор назад“, вели Кевин Линч за Wired.
Барањето до тимот за најдобриот часовник мораше да биде доказ дека компанијата која креираше три уреди кои беа прогласени за најдобри во својата класа, ќе продолжи со доминацијата и по Стив Џобс. Ниту еден од трите уреди кои ги креираше Apple iPod, iPad и iPhone не се идеја на компанијата, но Apple толку ги усоврши и „исполира“ што станаа iPod стана препознатлив MP3-player, а iPad стана препознатлив како таблет компјутер.
Но, освен да направи убав уред, Apple имаше и поголема цел. Да ги ослободи корисниците од телефоните, и затоа првиот прототип всушност бил смален iPhone. Секој нареден обид беше да се префрлат функциите на кои навикавме да ги имаме на телефоните, на неверојатно помал екран со големина од 38mm. Нотификации, мејл, скролање на сајтови, брзо префрлање од апликации, пуштање на музика итн… На крај Apple си постави уште една цел. Да направи перфектен часовник, кој нема да биде само паметен уред, туку луксузен моден аксесоар кој може да го продадат за над 10.000 долари. Тогаш Apple ќе влезе во пазарот на луксузни добра, што ќе биде неверојатен успех. Се што треба е да ги убедат корисниците дека треба да купат Apple Watch.
Целата приказна за развојот и пердизвиците со кои се соочија креаторите на Apple Watch може да ја прочитате на Wired.







