0 коментари 1 мин. читање 25 февруари, 2016

Uber стартува сервис за превоз со мотори

Uber започнува со нова услуга, UberMOTO која е наменета за градовите каде што има потреба за транспорт, но улиците се постојано заглавени од возила. Прва дестинација за сервисот е Тајланд и преполните улици на Бангкок.

Карактеристично е што превозот ќе се прави со мотори на кои има место за двајца. Сѐ останато е исто, возилата се нарачуваат преку апликацијата, а корисникот може да избере дали возачите ќе платат во кеш или со картичка, вели Verge.

За жал, овие обиди на компанијата со алтернативни начини на превоз досега се покажуваат како неуспешни и неинтересни за корисниците. Во 2015 година Uber се обиде да помогне со возењето на рикши во Индија, но поради незаинтересираност по осум месеци ја повлекоа услугата. Сервисот има уште неколку „експериментални“ превозни средства како балони и хеликоптери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top