1 коментар 2 мин. читање 23 септември, 2011

Уапсен уште еден член на Lulzsec

Американското Федерално биро за истражување, или попознато како FBI, уапсија член на хакерската група Lulzsec кој се сомничи дека е еден од одговорните за хакерскиот напад на јапонскиот гигант Sony кој се случи рано годинава. Коди Кретсингер, кој се води под хакерското име Recursion е уапсен утринава во неговиот дом во Феникс, Аризона.

Според ФБИ, 23 годишниот Кретсингер стои зад серијата хакерски напади на Sony Pictures и помогнал во дистрибуцијата на украдените податоци. Обвинет е за заговор и неовластено користење на заштитен компјутер, и доколку е осуден го чека до 15 година затворска казна. Во обвинението стои дека Кретсингер заедно со уште неколку соучесници има украдено доверливи информации од компјутерските системи на Sony Pictures користејќи SQL injection, многу честа метода за крадење информации.

Нападите врз јапонскиот гигант Sony беа само дел од нападите кои Lulzsec ги изврши на почетокот од оваа година. Во периодот помеѓу мај и јули оваа година хакерите од Lulzsec извршија напади врз сајтовите на американскиот сенат, CIA, Sony, NHS и многу други. Многу од украдените документи групата ги закачуваше онлајн со цел да ги посрамотат хакнатите институции.

Покрај апсењето на Кретсингер, FBI изврши рации во многу американски градови, меѓу кои Сан Франциско, Монтана, Њу Џерси и Минесота, барајќи луѓе кои се вмешани во операциите на хакереската група Anonymous.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top