0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2009

Twitter започна да прави пари

{mosiamge} Сервисот за микро-блогирање, кој долго време се мачеше да најде бизнис модел, ќе направи кул 25 милиони долари од договорите со Google и Microsoft. Двете компании започнаа да ги вклучуват твитовите како релативни резултати во своите пребарувачи. Според анонимните извори на Bloomberg,
Тwitter ќе добие 15 милиони од Google и 10 милиони од Bing на Мicrosoft.

Twitter се здоби со огромна популарност за време на иранските протести, покрај други настани, и со тоа ја демонстрираше моќта на корисничкото споделување информации. Затоа Microsoft и Google изјавија дека твитовите кои се во реално време се неопходни во модернизацијата на тоа како го пребаруваме интернетот. Твитовите, кратките пораки од 140 карактери, се jaвни што овозможува лесно да бидат интегрирани во пребарувачите, за разлика од друштвените мрежи како Facebook каде статусите и пораките се приватни. Но, зборувајќи за Facebook и тој ги помириса парите, па ја смени својата полиса за приватност во надеж дека корисниците ќе сакаат да споделуваат јавно и со тоа да бидат вклучени во пребарувачот.

Инаку ова ќе биде мал профит иза Тwitter. Трошоците за одржување на сервисот, на годишно ниво, се движат меѓу 20 и 25 милиони долари. Но иако мал сепак е профит, нели? И добар почеток за сервисот кој до сега се одржуваше т.е растеше со помош на инвестиции со вкупна вредност од 150 милиони долари.

Дополнително, Тwitter работи и на бизнис услуги за сервисот.

{mosimage}



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top