0 коментари 1 мин. читање

Twitter во обид да ја запре војната со патенти им ја враќа контролата на иноваторите

Сведоци сме дека во последно време наместо конкурентни технологии, голем дел од компаниите се обидуваат преку патенти за го замолчат противникот и да извлечат уште некој денар повеќе. Оваа војна е малку глупава бидејќи на крај им штети на корисниците. Со ова се согласува и друштвената мрежа Twitter која го претстави својот нов Договор за иноваторски патенти.

Според овој договор, Twitter се обврзува дека нема да ги гони судски искористувањето на патенти кои сега ќе бидат во контрола на енжинерите и дизајнерите.

„Нема да ги користиме патентите од иновации на нашите вработени за да гониме судски без нивна дозвола. Дополнително, контролата врз патентите останува и откако ќе ги продадеме, што значи дека ќе мора да се користат како што првично посакувал иноваторот.“, вели Twitter на својот блог.

До сега стандардот на индустријата, објаснува друштвената мрежа, е патентот да остане под контрола на компанијата, не на иноваторот. Тој патент може да се искористи за понатамошни судски гонења и расправии.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top