Наскоро ќе нема потреба да носите кеш или кредитни картички, бидејќи се што ќе ви е потребно да платите е вашиот паметен телефон. Барем така тврдат истражувачите од Pew Research центарот и Универзитетот Елон.
Нивното истражување, или поточно анкета на 1.021 инвеститори, акционери и експерти во индустријата за мобилно плаќање, вели дека повеќето испитаници веруваат дека мобилниот телефон може да го замени кешот и кредитните картичку до крајот на оваа декада.
Повеќето испитаници веруваат дека 2020-та година ќе биде клучна. До тогаш целиот свет ќе биде навикнат да ги користи паметните телефони, и затоа на корисниците ќе им биде поприфатливо да платат преку мобилниот уред, наместо да носат кеш или кредитна картичка.
„Што имате во паричникот сега? Идентификации, пари и лични работи. Сето тоа може лесно да се вметне во мобилен телефон и евентуално тоа ќе се случи.“, вели главниот економист на Google и учесник во анкетата, Хал Вариан.
Во моментов постојат препреки како немање соодветни технички решенија, но можеби најголемата е секако стравот од технологијата како Near Field Communication (NFC) и нејзината безбедност да зачува лични информации.
Сепак, да не заборавиме едно нешто. Ова истражување е направено со експерти кои работат мобилната револуција да се случи првин во САД, Британија, Франција и други развиени земји. Во Македонија, која е технолошки помалку развиена, во моментов дури и плаќањето со кредитни картички не е баш прифатено, така да 2020-та е можеби премногу оптимистичка за во Македонија.