0 коментари 1 мин. читање

Twitter патентира дрон кој се контролира со твитови

Twitter работи на патент за беспилотни летала кои ќе се контролираат и управуваат со помош на твитови. Компанијата сепак не работи на ова, ова е само патент, иако може да значи дека Twitter се подготвува за иднина во која дрон ќе може да ги разбира лајковите и ретвитовите, ќе овозможи следење на корисникот, и ќе снима видео и фотографира. Се споменуваат и можности за теле-присуство и интервјуа, јави Verge.

Најверојатно Twitter ја има предвид Periscope платформата за стрим во живо кога дроновите се во прашање и таму би можело да има интересна примена, надвор од ова можноста за управување на дроновите со „ми се допаѓа“ можеби изгледа помалку морничаво.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top