Twitter овозможи превод на пораките кои ги праќаат влијателните твитерџии од Египет за да можат корисниците во живо да ги следат протестите во земјата, пренесувa All Things D.
Автоматскиот превод на твитовите овозможува симултан превод од арапски на англиски јазик. Иако ова не е новина, а ниту преводот не е секојпат најточен, овозможувањето на оваа опција дозволи голем број корисници истовремено да ги следат протестите во земјата и да коментираат на друштвените мрежи за промената на власт во земјата. Египетската војска го уапси првиот слободно избран лидер на Египет, Мухамед Морси, бидејќи „не ја следел желбата на народот“, и покрај контра-протестите на приврзаниците и противниците на г. Морси, во тек се подготовки за нови избори.
Преведот е изработен во соработка со Microsoft, односно го користи преведувачот на Bing. Со оглед на тоа дека може да се каже дека експериментот е успешен, во блиска иднина може да очекуваме преведувачот да стане стандардна алатка на Twitter. Преводот на твитовите уште повеќе ќе го олесни граѓанското новинарство кое го гледаме се почесто на поголемите настани.