0 коментари 2 мин. читање 10 јуни, 2016

Тwitter негира дека се пробиени 32 милиони профили

Leaked Source објави дека дури 32 милиони профили на Twitter се продаваат на „темниот веб“. Истиот извор, кој пред некое време објави за пробиените 160 милиони профили на LinkedIn, вели дека дека постојат докази дека податоците се украдени. Но, Twitter вели дека нивните системи не биле хакнати.

Демант исто така доаѓа од страна на директорот за безбедност на Твитер, Мајкл Коатес, кој наведува дека се во соработка со LeakedSource за добивање на нови информации околу случајот. Од LeakedSource пак наведуваат дека милиони компјутери биле нападнати од malware преку познатите веб пребарувачи Chrome и Firefox, со што на хакерите им биле препраќани потребните детали. Од истиот извор се наведува дека моментално профилите се продаваат во замена за 10 биткоини на „темниот веб“.

Тwitter моментално превзема безбедносни мерки со што им праќа проверки на потенцијалните загрозени корисници од ваквиот вид на напад. Се вели дека 15 од 15 проверки биле успешни.

Напишано од

Марко Петрушевски

Марко Петрушевски ни доаѓа од Куманово, и е студент на ФИНКИ. Фан е на Liverpool FC, сака да чита за стартапи и да го истражува ИТ светот.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top