Twitter ќе има нови иновации, најави ко-оснoвачот Вилијамс

во Веб

{mosimage} Во интервју за CBS News, Еван Вилијамс ко-основачот на Twitter најави дека наскоро на сервисот за микро-блогирање ќе се појават нови иновации и алатки со цел да се унапреди сервисот.

Една од иновациите е делење на репутација и одредување локација со што според него ќе се зголеми кредибилитетот на сервисот. Идејата дошла од протестите во Иран.
Тогаш Twitter послужи како сервисот преку кој се ширеа информациите за настаните, односно одигра улога на медиум, но традиционалните и вистинските медиуми не беа многу наклонети кон информациите бидејќи не можеше да се потврди веродостојноста на истите.

„Ако твитот доаѓа од Иран преку мобилен телефон, постојат начини да се лажира.“ изјави г-дин. Вилијамс за CBS News.

Една идеја за зголемување на кредибилитетот на твитовите е да се воведе локација на сервисот да покаже од каде доаѓа твитот. Друга идеја е да се воведе репутација.

„Работиме на репутациски систем…МОжеш да знаеш некого кој е доверлив, но другите луѓе кои се доверливи им веруваат“ вели г-дин. Вилијамс, кој претходно работеше на Blogger сервисот за блогови кој го продаде на Google.

Но иако репутацијата е со добра намера, сепак постои проблем.

„Aнонимноста е важна за луѓето тука… Како да имаме анонимност и доверба… тоа е клучот.“ вели тој.

Тwitter минатата недела доби инвестиција од 100 милиони долари и сега е проценет дека вреди 1 милијарда долари.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk