И Twitter има вештачка интелигенција; го купи Magic Pony

Twitter го купи британскиот стартап Magic Pony за 150 милиони долари, со објаснување дека технологијата ќе ја користат за да ги следат твитовите и видеата во живо. Magic Pony има алгоритми кои анализираат слики, што ќе бидат вградени во видео сервисите Periscope и Vine на Twitter.

Еден дел од технологијата овозможува подобрување на лошиот квалитет на стримовите од страна на клиентот, додека друг дел е машинско учење. Алгоритмот може да си „замисли“ и да реконструира слика врз база на помала друга слика. Magic Pony останува во Британија и таму ќе биде европски истражувачки центар на Twitter за вештачката интелигенција.

„Технологијата на Magic Pony – базирана на истражувањата на тимот за креирање на алгоритми кој можат да ги разберат карактеристиките на сликите – ќе биде искористена за да ја подобри нашите можности за препознавање во живо и видоа, и отвора нова возбудливи можности за Twitter. Дел од тимот се 11 доктори на науки експерти за компјутерски вид, машинско учење, високи перформанси и пресметковни невронски мрежи“, вели Twitter.

screen_compare

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments