Twitter хакнат, украдени доверливи документи

{mosimage} Откако доверливи документи на Twitter се најдоа во инбоксовите на неколку технолошки блогови, Биз Стоун, еден од оснивачите на Twitter, призна дека минатиот месец француски хакер познат како Hacker Croll украл доверливи документи на сервисот за микро-блогирање. Хакерот преку Gmail-от на некој од вработените во Twitter успеал да дојде до шифрите на неколку вработени вклучувајќи ја и жената на Еван Вилијамс, директорот на Twitter, па покрај документите ги открил и личните податоци на Вилијамс.

Хакерот испратил околу 300 доверливи документи до медиумите и блоговите. Целта му била „да потсети на безбедноста“ како што изјавил за францускиот ИТ блог Korben.

Голем дел од ИТ блоговите и медиумите не сакаа да ги објават документите бидејќи се украдени од приватно лице. Само TechCrunch еден од најпосетуваните ИТ блогови во светот, објави дел од документите на кои се гледа дека Twitter планирал до 2013 година да има околу милијарда кориснички профили, да стане прв онлајн сервис со толку корисници и да има приход од 1 милијарда долари. Имало планови и за нова зграда, за стока со логото на Twitter и дека францускиот претседател Никола Саркози планирал да отвори свој Twitter профил. Покрај документи за иднината на Twitter имало и документи со информации за кредитни картички и сметки во банки.

{mosimage}

Twitter брзо реагираше и рече дека документите не се официјални и најавија тужби, најверојатно насочени кон TechCrunch за објавување на украдени приватни
документи.

„Разговараме со адвокатите и правните советници што значи оваа кражба за Twitter, за хакерот и за сите кои ќе прифатат да споделат или да ги објават овие украдени документи“ вели Биз Стоун.

Документите на Тwitter се закачени на онлајн апликациите, тие го користат Google Apps за „полесно споделување и поефикасна работа“. Имено Google Аpps нуди најразлични апликации, за пишување документи, за планирање настани, календари… а за да се добие пристап до нив
потребна ви е само една шифра, истата која ви е и за Gmail сервисот.

Овој случај фрли сенка врз безбедноста на онлајн апликациите, па Биз Стоун застанувајќи во нивна одбрана го отфрли обвинувањата дека Google Docs, и воопшто сите „облак“ апликации, се небезбедни.

„Ова не е за пропустите на веб апликациите, ова зборува за важноста да се припазува на личната безбедност со следење на водичи за безбедност, како одбирање на комплексна лозинка“ вели Стоун.

ТechCrunch објави дека административната лозинка на Twitter била „password".



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk