{mosimage}Тајванската компанија за електроника Luxpro Corp. го тужи Apple за обид за монополизација на пазарот на MP3 плеерите. Производите со кои Apple стана фактор во овој бизнис се iPod-от и iTunes програмот преку кој може да се купи музика. Аpple држи околу 70% од пазарот на MP3 плеери, а 90% од пазарот на плеери со интегриран хард диск.
Оваа тужба е дел од долгогодишната судска борба меѓу Apple и LuxPro која трае од самото појавување на iPod-oт и се води поради сличноста на моделот со MP3 плеерот на тајванската фирма.
Во 2005 LuxPro, компанија основана во 2002, мораше да го менува името на својот модел Super Shuffle MP3 плеер во Super Tangent со судска одлука на Германскиот суд, поради сличноста со името на iPod Shuffle на Apple.
{mosimage}
Подоцна LuxPro ги обвини Apple за обид на купување на моделите на тајванската компанија, по што Apple побара од Тајванскиот суд да му забрани на LuxPro да произведува и продава MP3 плеери. Во 2007 LuxPro сакаше да го тужи Apple за 100 милиони долари оштета.
Овојпат LuxPro нема означена сума туку очекува судот да пресуди колкава ќе биде оштетата. Во тужбата тајванската компанија објавува дека Apple испраќал предупредувачки писма до LuxPro и нивните соработници, и како пример ja наведуваат канадската InterTAN дека уништила 4,500 MP3 плеери на LuxPro под притисок на Apple.
Аpplе се уште нема искоментирано на оваа тема.






