Тужба од 8.8 милијарди долари за Google и Facebook од активистите noyb.eu

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

На првиот ден од стапувањето на сила на новата Општата регулатива за заштита на податоците Google, Facebook, Instagram и WhatsApp добија тужба вредна  8.8 милијарди долари.

Групата која се залага за заштита на приватноста на корисниците, noyb.eu (non of your business) поднесе тужба поради начинот кој го практикуваат за да ги условат корисниците.  Подносител на иницијативата е Макс Шремс, активист од Австрија, јави Tech Crunch.

Сите платформи им нудат пакет на своите корисници кој доколку го одбијат нема да можат да го користат сервисот. Вакво насилно натурање на услугата и правилата за користење не е дозволено со GDPR. Сепак ова не е во согласност со насоките на новата регулатива.

Google доби тужба од 3,7 милијарди евра за оваа пракса во Android. За Facebook сумата од 3,9 милиарди евра е збир од посебни тужби за Instagram, WhatsApp и Facebook. Секоја од овие тужби „тежи“ 1,3 милијарди долари. Тужбата за Google е пред CNIL во Франција; за Instagram пред DPA во Белгија;  WhatsApp е пред HmbBfDI во Хамбург; а Facebook пред DSB, Австрија.

Објаснувањето на тужбата е едноставно: Сè што е неопходно за работа може да се собира од корисниците, за сè останато неопходна е дозвола. Facebook дури блокира профили на корисници кои не се слагаат да споделат податоци, што не е дозволиво. Секако ова не значи дека компаниите може да соберат куп податоци и да кажат „Ни требаат“. Според новата регулатува може да се користи минималното потребно количество на податоци. Сите останати податоци мора да се избришат.

„Ако компаниите сфатат дека здодевните попап прозорци не се валидна согласност, наскоро би можеле да ја затвориме дигиталната чума. “

Сумата која може да ја исплатат Facebook и Google e 4% од глобалните приходи. Со оглед на тоа колку заработуваат двете компании станува збор за огромни суми.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk