2 коментари 2 мин. читање

Цеца Ражнатовиќ отвори Twitter профил, иако и е забрането да комуницира јавно

Се случи и тоа. На It.com.mk ќе пишуваме за Цеца. Жал ни е.

Иако претходно сме се шегувале со турбо фолк ѕведите и нивните песни за друштвените мрежи, овојпат се работи за интересна драма која се случува во Србија, и која е поврзана со застарени закони и напредните комуникациски алатки.

Добро-познатата-на-сите Цеца Ражнатовиќ е казнета со домашен притвор и 1,5 милиони долари поради финансиски маловерзации со трансфери на фудбалери од фудбалскиот клуб Обилиќ. Иако властите и забранија на Цеца да комуницира со јавноста, таа отвори Twitter профил преку кој започна да си ги најавува своите идни концерти и да комуницира со фановите.

Изненадувачки, таа не оди против правилата на домашниот притвор. Според српските закони, затворениците мора да ги прашаат властите за да испратат писмо, но тие закони се застарени и не предвидуваат комуникација преку Twitter.

„Ражнатовиќ со отварање профил на Twitter не ги крши правилата на куќниот притвор, бидејќи во правилникот не е наведено дека е забрането да се користи интернет, а ‘тоа што не е забрането е дозволиво’.“, вели криминологот Златко Николиќ за Vesti-Online.com.

Сепак г. Николиќ вели дека можно е властите да ја набљудуваат комуникацијата и да реагираат ако дојде до злоупотреби.

Како што можеби очекувате, Цеца е хит на друштвените мрежи. По три дена таа има над 5.000 следбеници на Twitter, а пред неколку дена на својот Facebook профил надмина 400.000 фанови.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top