2 коментари 1 мин. читање

Целосна контрола врз PDF документите, со PDFill Tools 13

PDFill Tools 13  е колекција од алатки кои се неопходни доколку постојано работите со PDF документи. На едноставен и релативно брз начин, можете да составите еден со друг pdf документ, да додавате заглавје и подножје (header и footer), да исфрлувате или реорганизирате местоположби на одредени страни, како и да додавате текстови или пак жигови (watermarks).

Програмата, како што бргу ќе забележите, е одлично решение и за енкриптирање, односно декриптирање документи, како и нивно конвертирање во формат за слика (JPG, PNG) и обратно. Додатно, секоја страна од pdf документот можете да ја ротирате, па дури и скратите (crop), да конвентирате PostScript или да додавате екстра информации во самиот pdf формат.

PDFill Tools 13 е бесплатен за лична употреба и не го испорачува сработеното со жигови кои се отстрануваат со купување на комерцијалната верзија. Неодамнешната верзија, која се прошири со повеќето од горе-наведените опции, се испорачува со непотребни додатни програми и дефинитивно внимавајте да не е штиклиран првиот и третиот бонус програм при самата инсталација.

Минимална побарувачка: Windows XP/Vista/7/8.x/10

Големина на фајлот: 15.5MB

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top